?????
05 Ноември 2015•Ажурирај: 12 Ноември 2015
АЛЕПО (АА) – Во рамките на воздушните интервенции на југот на Алепо во Сирија, руски авиони погодија фабрика за лекови и болница, јавува Anadolu Agency (AA).
Според зборовите на активистот на локалната цивилна заштита, Ебу Мустафа, по бомбардирањето на фабриката за лекови, избил пожар на тој простор кој е ставен под контрола. Мустафа истакна дека е продолжена акцијата за спасување и извлекување на повредените под рушевините. Спасените лица се веднаш хоспитализирани.
Работник во фабриката, Ебу Шериф, кажа дека руски авиони во попладневните часови извеле четири напади врз фабриката. Тој тврди дека во фабриката немало оружје ниту вооружени лица.
Шериф додаде дека бомбардирањата и пожарот потполно ја уништиле фабриката.
Од друга страна, изведени се низа операции на просторот на Хомс, Идлиб, Хама и Алепо. Во бомбардирањата на тоа подрачје загинале голем број цивили.