Sertaç Bulur
05 Март 2018•Ажурирај: 06 Март 2018
АНКАРА (АА) - Во антитерористичките операции во Турција во последните седум дена се неутрализирани 20 терористи, од кои седум се убиени, пет заробени, а осум се предале, јавува Anadolu Agency (AA).
Турското Министерство за внатрешни работи соопшти дека од 26 февруари до 5 март, припадниците на турските безбедносни сили извршиле 1079 антитерористички акции.

Приведени се 216 лица кои се осомничени дека се поврзани со сепаратистичката организација на ПКК и 46 поради врски со ДЕАШ. Исто така, во борбата против терористичката организација ФЕТО беа уапсени 765 луѓе, додека пак во борбата против левичарските терористички организации 37 осомничени.
Во акциите беа приведени вкупно 4.698 лица од кои 1.064 во акциите за борба против тероризмот, 104 во акциите за нелегална миграција, а 3530 поради трговија со наркотици.
Меѓу неутрализираните терористи се наоѓа и Тарик Шен, со кодно име „Адил“, еден од регионалните лидери на терористичката организација ПКК.
Во акциите извршени во подрачја во Мардин, Тунџели, Ширнак, Токат, Битлис, Бинѓол и Дијарбакир уништени се 27 засолништа и пештери што ги користеле терористите.
Борбата против илегалната миграција во Турција продолжува, во чии рамки беа фатени 2.915 лица, од кои 263 на море, а беа приведени 104 лица осомничени за организирање нелегални преминувања.