Haydar Hadi
01 Ноември 2016•Ажурирај: 01 Ноември 2016
МОСУЛ (АА) - Терористичката организација ДЕАШ во училиштата и во владините институции во Ирак како заложници држи стотици семејства, јавува Anadolu Agency (AA).
Командантот на заедничката акција во Ирак, Нибрас ел-Мекуки, изјави дека членовите на ДЕАШ ги принудиле семејствата да се соберат во училиштата, а на оние што ќе ги напуштат училиштата им се заканува смртна казна.
Мекуки додаде дека ДЕАШ има намера цивилите да ги користи како жив штит. Според него, ДЕАШ има оружје во Мосул, но има проблеми со бројот на милитанти што би го користеле.
Во многу области на Мосул, веќе два дена нема електрична енергија, вода за пиење, а во болниците има недостаток на лекови.