Elvir Bucalo
14 Декември 2015•Ажурирај: 14 Декември 2015
БРИСЕЛ (АА) - По повеќекратното одложување, предизвикано од незадоволството на некои европски членки од квалитетот на реализација на добрососедските односи помеѓу Белград и Приштина, вечерва конечно, Србија и формално ја започнува завршната етапа на пристапување во Европската унија, јавува Anadolu Agency (AA).
Преговорите со оваа земја ќе започнат со, за Брисел посебно важното, а за Белград особено осетливото, 35-то поглавје, кое се однесува на нормализирање на односите со Приштина. Паралелно со ова, ќе се отвори и поглавјето 32, посветено на финансиската контрола, за која белградската страна тврди дека ќе биде полесниот дел од приказната со оглед на добрата подготвеност и високите оцени кои Србија ги доби за тоа прашање, во последниот годишен извештај на Европската комисија.
„Отворањето и почетокот на преговорите е вистински почеток на овој процес, бидејќи тоа на некој начин, е одреден пат за да стигнете до конечното одредиште, сите утврдени поглавја треба да бидат поминати и затворени. Значи, започнуваме со две поглавја, а важно е да се продолжи соработката и дијалогот помеѓу Србија и Косово, да се примени сè што е договорен“, ѝ порача на Владата на Србија европскиот комесар за преговори за проширување, Јоханес Хан, пред денешниот почеток на завршните преговори.
Преговарачката платформа на европската страна, утврдена е меѓу 28-те членки на Унијата, предвидува во рамките на 35-то поглавје дури 16 точки кои ќе бидат предмет на преговарање и со оглед на комплексноста на темите, верува дека ова поглавје и преговорите за него, ќе останат отворени сè до крајот на целосниот преговарачки процес.
Србија од денес ја чека сериозна и напорна работа, година на интензивни преговори со ЕУ, вкупно 35 преговарачки поглавја меѓу кои, освен добрососедските односи, Брисел посебно внимание придава на прашањето за владеењето на правото.
„Владата во Белград веќе ги комплетираше акционите планови коиво врска со прашањето на правосудството, владеењето на правото, борбата против корупцијата и организираниот криминал и од моја гледна точка, можно е, во првата половина на следната година да ги отвориме и овие важни поглавја од преговорите“, најави европскиот комесар.