Ayşe Sarıoğlu,Nazlı Yüzbaşıoğlu
26 Ноември 2015•Ажурирај: 27 Ноември 2015
АНКАРА (АА) – Турскиот министер за ЕУ и челникот на турскиот преговарачки тим, Волкан Бозкир, изјави дека во кон средината на декември во преговорите за придружување ќе се отвори 17-тото поглавје кое се однесува на ускладување на економските и финаниски работи, јавува Anadolu Agency (AA).
Бозкир во Анкара се сретна со италјанскиот амбасадор во Турција, Луиџи Матиоло, а на конференција за новинарите изјави дека на Самитот на лидерите на Турција и Европаската унија, на 29-ти ноември во Брисел, ќе се разговара за неколку важни прашања околу процесот на интеграција на Турција и ЕУ.
Истакнувајќи дека на тој Самит „картите повторно ќе бидат поделени“, Бозкир најави дека во таа прилика ќе биде објавена заедничка декларација на лидерите за деталите на интеграцискиот процес.
„Договорено е 17-тото поглавје да биде отворено кон средината на декември. Со Божја помош тоа поглавје ќе го отвориме на 14-ти или 15-ти декември во Брисел. Секако нема да се заоволиме само со тој чекор, туку ќе започнеме заеднички активности за создавање на услови за отворање и на 5-тото и 6-тото поглавје следната година“, рече Бозкир.
Бозкир додаде дека очекува во заедничката изјава по завршувањето на Самитот во Брисел да се нагласи неопходноста за забрзување на интеракцискиот процес и јакнење на механизмите на политичкиот дијалог на релација Анкара – Брисел.
„Таа изјава треба да ги содржи сите потребни детали за активирање на механизмот на енергетскиот дијалог, јакнење на Царинската унија и договорот за Транс-атланското трговско и инвестициско партнерство (TTIP), за на никој начин да не би дошло до загрозување на позицијата на Турција. Јас во досегашниот процес немам забележано никакви нерегуларности. Со Божја помош, од недела ќе започнеме нова ера на преговори“, заклучи Бозкир.