Ekipa
29 Јуни 2016•Ажурирај: 30 Јуни 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Бројот на загинати во синоќешниот терористички напад на истанбулскиот аеродром „Ататурк”, се зголеми на 41 лице, соопштија од Канцеларијата на региналниот Гувернер денес, јавува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението издадено од Канцеларијата десет странски државјани и тројца други со двојно турско државјанство беа меѓу 41 загинати во нападот. Од болница се пуштени 109 од вкупно 239 повредени лица, се вели во соопштението.
Турските власти објавија еднодневна жалост поради нападот на истанбулскиот аеродром. Турското знаме е спуштено на половина копје ширум земјата и во турските странски претставништва ширум светот.
„Во знак на жалост, знамињата ќе бидат спуштени на половина копје од нашите домашни и странски објекти се до зајдисонце денес, 29-ти јуни”, се вели во соопштението од Владата.
Премиерот Бинали Јилдирим денес изјави дека тројца бомбаши-самоубијци биле убиени во синоќешниот напад на истанбулскиот Меѓународен аеродром „Кемал Ататурк”.