?????
15 Ноември 2015•Ажурирај: 17 Ноември 2015
ПАРИЗ (AA) – Францускиот премиер Мануел Валс соопшти дека надлежните екипи идентификувале 103 од 129 луѓе загинати во терористичкиот напад одржан во петокот во Париз, пренесува Anadolu Agency (АА).
Шефот на француската влада денеска го посети центарот "Ecole Militaire", во која на преживеаните од терористички напад им се пружа психолошка помош. Валс, во оваа прилика рече дека Франција мора да биде единствена во овие тешки времиња.
"Во нападот загинаа 129 луѓе, од кои досега се идентификувани 103. Во тек е постапката за идентификација на останатите жртви", рече Валс.
Паралелно со ова, француските надлежни институции ги испитаа и социјалните мрежи, преку кои роднините објавиле фотографии и информации за лицата со кои после нападот не можеле да пристапат на контакт.
Во Франција е проглаесена вонредна состојба и тридневна жалост по терористичките напади во Париз во кој загинаа 129 лица, а 352 беа повредени. Одговорноста за нападите кои се случија во неколку локации во градот беше превземен од страна на терористичка организација ДАЕШ.