Mehmet Hatipoğlu
09 Јануари 2017•Ажурирај: 10 Јануари 2017
АТИНА (AA) - Високорангиран службеник на руска амбасада во Атина пронајден е мртов во својот дом во главниот град на Грција, јавува Anadolu Agency (AA).
Како што наведуваат грчките медиуми, откако не се јавувал цел ден, службениците на руската амбасада покренале потрага по 55-годишниот Андреј Маланин.
Подоцна неговото безживотно тело го пронајдома во стан на трет кат во улицата Ироду Атику во самиот центар на Атина.
Полицијата на Атина покрена истрага за да ја утврди причината за смртта на рускиот дипломат.