Admir Fazlagic
25 Мај 2016•Ажурирај: 25 Мај 2016
СКОПЈЕ (АА) - Вчера околу пладне од Поликлиника Драчево било пријавено дека било донесено починато лице, државјанин на Република Турција, соопшти Министерството за внатрешни работи на Република Македонија, јавува Anadolu Agency (AA).
„На 24.05.2016 година во 12.30 часот во Единицата за информации и команда- Скопје (ЕИК), телефонски од Поликлиника Драчево било пријавено дека било донесено починато лице. Се работи за лицето Ш.Ш. (74) од Р.Турција. Од страна на лекар била констатирана смрт, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено во Институт за судска медицина на обдукција", стои во соопштението на Министерството за внатрешни работи на Република Македонија.