ГОСТИВАР (АА) - Турскиот вицепремиер, Хакан Чавушоглу, изјави дека местата кои се сакаат со душа имаат посебна привлечност и додаде: „Наследници сме на древни цивилизации чии најзначајни светски културни и научни центри се простираат од Коња до Самарканд, од Бурса до Кордоба, од Едрене до Багдад, од Истанбул до Скопје”, јавува Anadolu Agency (AA).
Вицепремиерот Чавушоглу учествуваше на церемонијата на отворањето на Oсновното училиште „Мустафа Кемал Ататурк“ во Гостивар, кое е реконструирано и опремено во рамките на соработката на Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) и Унијата на општини на Турција (ТББ).

Во своето обраќање, вицепремиерот Чавушоглу го изрази своето задоволство што има можност во рамките на отворањето на Oсновното училиште „Мустафа Кемал Ататурк“ да се сретне со жителите на Гостивар.
Истакнувајќи дека образованието е едно од најважните услови како за поединечен, така и општествен развој и унапредување, вицепремиерот Чавушоглу го истакна следното: „Доколку сакаме нашите деца да бидат дел од цивилизацискиот успех во науката, претставувајќи се себеси со своето знаење, упорноста и вербата, тогаш образованието мора да биде нашиот главен приоритет”.
Вицепремиерот Чавушоглу истакна дека и Македонија и Турција го заслужуваат најдоброто, велејќи дека може да се забележи како поединци и нации успеале да го достигнат светскиот врв, вложувајќи го сопствениот труд на полето на науката, образованието, уметноста и спортот.

„Местата кои се сакаат со душа имаат посебна привлечност”, рече Чавушоглу и продолжи:
„Наследници сме на древните цивилизации чии најзначајни светски културни и научни центри се простираат од Коња до Самарканд, од Бурса до Кордоба, од Едрене до Багдад, од Истанбул до Скопје. Обврска на секој од нас е, без никакво оправдување, да вложиме поголеми напори. Доколку науката не ја подигнете на нозе, тогаш само ќе бидеме набљудувачи како другите нации ја кројат нашата судбина”.
Вицепремиерот Хакан Чавушоглу истакна дека денеска, каде и да погледнете, во било кој дел од светот, едни се обидуваат да им ја кројат судбината на други, по обидите за окупација се забележува дали некој зарил нож во грб. „Најдобар доказ за тоа, еден од најтажните примери, ние како Турција го преживеавме при обидот за државен удар на 15 јули 2016 година. Предавниците на ФЕТО се обидоа да ја окупираат Турција. Овој обид заврши со победа на народот кој излезе на плоштадите по повикот од страна на претседателот на државата”, рече вицепремиерот.
Тој додаде дека турскиот народ храбро и одлучно, под водство на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган успеал да го отстранат подмолниот напад и продолжи со зборовите:
„ФЕТО не е организација која се поврзува само со 15 јули и со Турција. Таа воглавно, на светско ниво е вметната со цел да се користи во дизајнирањето на државите. Во секоја земја во која покажуваат свои активности, претставуваат динамит поставен под таа држава. Должност на секој човек е да даде предупредување пред динамитот да експлодира. Доколку експлодира, тогаш нема да остане држава која ќе треба да се заштити. Станува збор за терористичка организација поставена врз разузнавачка структура. Таа на најтаинствен начин го продолжува своето постоење, поделена во различни групи. Под закрилата на образованието, со маска на невиност, ги крие сите свои терористички активности. Потребно е сите земји добро да ги погледнат илјадниците докази кои се приложени за судските случаи кои се водат во Турција, во спротивно, кога организацијата ќе ја преземе командата врз земјата, ќе биде многу доцна. Во Турција, наводно за образовни цели, во колеџите кои ги изградија преку скриени премини во зградите организираа тајни состаноци на кои успеаја да доведат до поделби. Се покажа дека водат терористички активности во тајните простории кои се отвараат со скриени уреди. Не станува збор за едно, две училишта, станува збор за десетици училишни објекти во кои се откриени ваков вид терористички гнезда. Бидете сигурни дека спроведуваат вакви темни активности во секоја земја во која се наоѓаат”.
Истакнувајќи дека турскиот народ испишал еп за време на обидот за државен удар, вицепремиерот Чавушоглу рече: „Доколку нашиот свет народ не речеше стоп, ќе беше уништена една нација, една земја ќе беше окупирана и ќе беше преземена една држава. Врз основа на горчливото искуство што го преживеавме на 15 јули, не препорачуваме такво нешто да доживее ниту една друга земја. Затоа нашите предупредувања и укажувања се предизвикани само од аспект на човечка должност. Фала му на Бога, турскиот свет народ успеа да го надмине тоа зло и терористите ги примора на пораз. Но гледаме и знаеме дека припадниците на ФЕТО во целиот свет примаат наредби од преку океанот и вложуваат напори да ги продолжат своите активности. Би сакал да кажам дека сите земји во кои оваа терористичка организација ги спроведува своите мрачни активности се наоѓаат под закана, и не треба да заборават дека иднината им е под ризик”.
Вицепремиерот Чавушоглу потсети дека реконструирањето и опремувањето на Основното училиште „Мустафа Кемал Ататурк“ во Гостивар е спроведно во рамките на соработката на ТИКА и ТББ и додаде: „Основното училиште Мустафа Кемал Ататурк е една од образовните установи во Западна Македонија која покрај тоа што со успех ја спроведува наставата на турски јазик, спроведува настава и на македонски и на албански јазик. Овој проект ќе им овозможи на 1.100 ученици од ОУ Мустафа Кемал Ататурк во Гостивар,да следат поквалитетна настава. На децата им посакувам среќна и успешна настава”.

Освен тоа, турскиот вицепремиер на граѓаните на Гостивар им ги пренесе поздравите на претседателот Реџеп Таип Ердоган и ѝм го честиташе 21 декември - Денот на образованието на турски јазик.
Министерот без ресор на Македонија, Аднан Ќахил, одговорен за надворешни инвестици, истакна дека отворањето на Основното училиште „Мустафа Кемал Ататурк“ се спроведува во еден многу значаен период, како што е 21. декември - Денот на образованието на турски јазик.
Министерот Ќахил, првенствено во име на македонската влада, ѝ се заблагодари на Турција, првенствено на претседателот Ердоган и на премиерот Бинали Јилдирим.
Претседателот на ТИКА, Сердар Чам упати честитки по повод 21. декември, Денот на образованието на турски јазик, изразувајќи ја својата благодарност до македонската влада за укажаната можност.
Претседателот на ТИКА, Чам, потсети дека проектот за основното училиште чинело над 1 милион евра, додавајќи дека и во наредниот период ќе бидат спроведувани слични проекти.
Заблагодарувајќи им се на сите кои вечерта на 15 јули минатата година на улиците во Македонија застанаа покрај Турција, претседателот на ТИКА изјави: „Сметам дека отворањето на ова училиште на овие простори е најдобра порака до предавничката организација ФЕТО, која го изведе обидот за државен удар во Турција и која тајно и подмолно продолжува да го користи името на Турција во Македонија”.
Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, изјави дека за еден град нема посреќен момент од отворање на училиште и упати благодарност до ТИКА и ТББ за спроведената работа.
Градоначалникот Таравари рече дека Гостивар е град во којшто живеат различни етнички заедници, и упати честитки по повод 21. декември, Денот на образованието на турски јазик.