Ömer Aydın
22 Декември 2017•Ажурирај: 22 Декември 2017
ПАРИЗ (АА) - Претседателот на Палестина, Махмут Абас, истакна дека по одлуката за Кудс САД ја изгубија непристрасноста и го прекршуваат меѓународното право, и додаде дека нема да прифатат ниту еден мировен план на оваа земја, јавува Anadolu Agency (AA).
Палестинскиот претседател одржа заедничка прес-конференција со претседателот на Франција, Емануел Макрон со кого се состана во францускиот главен град, Париз.
Абас нагласи дека одлуката на претседателот на САД, Доданл Трамп, за призавање на Ерусалим (Кудс) како главен град на Израел, е притив меѓународното право и рече дека админситрацијата на САД ја изгуби непристрасноста.
„Нема да прифатиму ниту еден мировен план на САД“ , изјави Абас.
Во врска со вчерашното гласање во ОН, тоја рече дека светот не може да се обликува со моќ, како и дека не може да се купуваат државите со моќта на парите.
„Не можете земјите да ги купувата со пари за да ја прифатат политичката позиција што вие ја сакате“ , нагласи палестинскиот претседател, кој додаде дека ќе ги продолжат дипломатските напори, и дека ќе ги развијат односите со земјите кои ја поддржуваат Палестинската држава и нејзината независност.
Како што рече Абас, САД се излолирани по донесената одлука и вчерашното гласање, и според него, ја изгубил улогата на доверлив преговарач.
„Нема да се оддалечиме од политичкиот пат, и мировната култура, како и ќе го продолжиме нашиот пат со земјите кои ни даваат поддршка“, истакна претседателот на Палестина.
Тој рече дека Франција има посебна улога за Палестина во ЕУ и упати благодарност за поддршката на Франција во вчерашното гласање во ОН.
Нацрт-одлуката која е изготвена со иницијатива на Турција и ја критикува одлуката на Трамп за Ерусалим (Кудс), покрај заканите на САД во Генералното собрание на ОН, беше прифатен со 128 гласови, додека 9 земји гласаа против, а 35 беа задржани.
Претседателот на САД, Трамп на 6 декември го призна Ерусалим (Кудс) како главен град на Израел, и даде инструкции за нивната амбасада да биде преместена од Тел Авив во Кудс.