Aliia Raimbekova
16 Февруари 2017•Ажурирај: 17 Февруари 2017
АСТАНА (АА) - Во главниот град на Казахстан, Астана започна третата рунда преговори за Сирија. Акцентот на преговорите, поттикнати од Турција, Русија и Иран, е на заврстувањето на договорот за прекин на огнот, јавува Anadolu Agency (АА).
По одржаните предпреговори, делегацијата на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад, опозицијата, Турција, Русија, Иран и САД, го започнаа главниот состанок.
На отворањето на преговорите се обрати помошникот на министерот за надворешни работи на Казахстан, Акилбек Камалдинов. Тој потсети дека техничкиот дел од состанок, одржан на шести февруари, бил иницијален.
„Веруваме дека и овој состанок ќе вроди со плод. Уверени сме дека ќе направиме чекор кон примената на договорот за прекин на огнот и кон воспоставувањето мир во Сирија“, истакна Камалдинов.
Се очекува дека по состанокот, чиј акцент ќе биде на воспоставувањето на примирјето, ќе биде одржана прес-конференција.
Првите состаноци во Астана, за прашањето за Сирија, одржани на иницијатива на Турција и Русија, беа организирани на 23. и 24. јануари. Турција, Русија и Иран започнаа иницијатива за оспособување на механизмот за следење на договорот за прекин на огнот во Сирија, кој меѓу претставниците на сирискиот режим и опозицијата беше постигнат на 30 декември.