Salim Taş
16 Декември 2016•Ажурирај: 17 Декември 2016
ХАТАЈ (АА) - Генералниот претседател на турската Црвена полумесечина, Керем Киник, во врска со евакуацијата на цивилите од источниот дел на Алепо којшто е под опсада на режимот и странските прорежимски терористички групи изјави: „Во Идлиб, на 6-7 километри од нашата граница, се работи на формирање на една зона. Во многу брзо време ќе биде завршена. Се подготвува инфраструктура за 10 илјади шатори“, јавува Anadolu Agency (AA).

Киник во изјавата за АА соопшти дека потребната механизација за подготовка на градот од шатори влегла во Идлиб и започнала да работи.
Киник рече дека за многу брзо време ќе биде направена инфраструктурата за градот од шатори.
„Во Идлиб, на 6-7 километри од нашата граница, се работи на формирање на една зона. Во многу брзо време ќе биде завршена. Се подготвува инфраструктура за 10 илјади шатори. Но мислам дека нема да имаме потреба од таа бројка. Се надевам дека ќе биде модерен објект за престој, со храна, мобилен тоалет, туш-кабини, училиште и центри за здраствени услуги“.
Киник рече дека првата етапа од формирањето на градот од шатори планираат да ја завршат за 3-4 дена.