Ekipa
07 Август 2016•Ажурирај: 07 Август 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Во Истанбул се одржа „Митингот за демократија и загинатите херои". По интонирањето на националната химна на Турција, беа читани делови од Куранот за загинатите херои во обидот за државен удар од страна на терористичката организација ФЕТО, јавува Anadolu Agency (AA).
„Митингот за демократија и загинатите херои" на кој присуствуваа претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган, претседателот на собранието на Турција Исмаил Кахраман, претседателот на АК партија и премиер на Турција, Бинали Јилдирим, началникот на Генералштабот на турската армија Хулуси Акар, претседателот на Републиканската народна партија Кемал Киличдароглу, претседателот на Партија на национално движење Девлет Бахчели, започна со интонирање на националната химна на Турција. Потоа беа читани делови од Куранот за загинатите херои во обидот за државен удар од страна на терористичката организација на ФЕТО.
Во текот на митингот свое обраќање имаа претседателите на опозициските партии ЏХП и МХП, Кемал Киличдароглу и Девлет Бахчели, премиерот Бинали Јилдирим, Исмаил Кахраман и претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган.