Andaç Hongur
07 Август 2016•Ажурирај: 07 Август 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот претседател реџеп Таип Ердоган и премиерот на државата Бинали Јилдирим, пристигнаа на просторот на кој ќе се одржи Митингот за демократија и загинатите херои во Истанбул, јавува Anadolu Agency (AA).
Ердоган и Јилдирим на митингот кој се одржува на плоштадот Јеникапи пристигнаа со хеликоптер.
Претходно на митингот пристигнаа и поранешниот претседател на Турција Абдулах Ѓул, поранешниот турски премиер Ахмет Давутоглу, Началникот на Генералштабот на турската армија Хулуси Акар и претседателот на Управата за верски прашања на република Турција, Мехмет Ѓормез.
Ма митингот пристигнаа и претседателот на опозициската Републиканска народна партија (ЏХП) Кемал Киличдароглу и претседателот на Партија на националистичко движење (МХП) Девлет Бахчели.