КАБУЛ (АА) - Над 300 цивили и безбедносни службеници го загубиле животот во нападите извршени минатиот месец во Авганистан, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите до кои дојде новинарот на АА, во трите големи напади извршени минатиот месец во Кабул, Хелманд и Газни смртно настрадале над 100 цивили.
Најмалку 35 цивили загинаа во нападите на талибанците извршени минатиот месец во подрачјата на Џагури и Малистан, кои се наоѓаат во покраината Газни.
Исто така, во самоубиствениот напад извршен на церемонија за мевлуд на 20 ноември во Кабул загинаа 50 лица, а 85 беа повредени.
Во воздушниот напад на САД извршен на 28 ноември во подрачјето на Гармсир во градот Хелманд, смртно настрадаа 23 цивили, меѓу кои и деца.
Гувернерот на Хелманд, Мухамед Јасин Хан, во изјава за медиумите истакна дека цивилите биле погодени по грешка во рамки на операцијата против талибанците.
- Напади врз безбедносните сили -
Во нападите извршени во текот на ноември во покраината Фарах загинаа над 70 лица, во бомбашкиот напад извршен на 23 ноември во џамија во покраината Хост животот го загубија 26 лица, додека во нападот извршен во покраината Газни смртно настрадаа 50 безбедносни службеници.
Од друга страна, тројца американски војници загинаа, а тројца се повредени како резултат на експлодирањето на бомба поставена покрај делница во Газни на 27 ноември.
- Дневно во просек загинуваат 60 милитанти -
Во соопштението објавено на интернет-страницата на Министерството за одбрана на оваа земја, се наведува дека дневно во просек загинуваат 60 милитанти во рамки на копнените операции во ноември.
- Околу 3.000 цивили загинаа меѓу 1 јануари и 30 септември -
Според извештајот објавен од Мисијата на ОН за помош во Авганистан (UNAMA) во октомври, во периодот од 1 јануари до 30 септември низ Авганистан животот го загубиле 2.798 цивили, а 5.252 цивили биле повредени. Смртните случаи кај цивилите се зголемени за 5 отсто, додека стапката на повредени лица се намалила за 3 отсто во споредба со истиот период минатата година.
Во извештајот се вели дека 65 отсто од цивилните загуби во Авганистан се предизвикани поради антивладините групи, од кои 35 отсто се предизвикани од талибанците, 25 отсто од терористичката организација ДЕАШ, и 5 отсто од другите групи.
Најголеми загуби првите девет месеци од оваа година се случија во авганистанскиот град Нангархар, каде што во овој период загинаа 554 цивили, додека 940 лица се повредени.
Претседателот на авганистанската Комисија за човекови права, Сима Семер, во јуни соопшти дека во нападите извршени во последните 9 години животот го загубиле 23.130 цивили.
Тоа што новата стратегија на Авганистан не го спречи движењето на талибанците и ескалацијата на регионалната конкуренција, ја натера администрацијата на САД да направи радикални промени во својата стратегија за Авганистан и да седне на маса со талибанците.
Додека авганистанските безбедносни сили, кои добија поддршка од САД и НАТО, претрпуваат загуба во војната, талибанците продолжуваат да преземаат повеќе места под своја контрола во земјата.
Оваа организација денес контролира околу 20 отсто од местата во Авганистан, додека во над 30 отсто од територијата на оваа земја преовладува нестабилност. Администрацијата на Кабул поседува контрола на 50 отсто од териториите во земјата.
Авганистанската војна на САД влезе во една голема безизлезна ситуација и за двете страни.
- Талибанците не се во позиција на победник -
Претседателот на Авганистан, Ешреф Гани, минатиот месец се осврна на операциите реализирани против талибанците, и рече дека талибанците не се во позиција на победник.
Гани информираше дека во судирите со талибанците од 2015 година досега животот го загубиле 28.529 авганистански војници.
Пред извесно време беше постигнато усогласување за повлекување на странските сили од земјата.
Гани започна средби со лидерите на политичките партии и политичарите во земјата, со цел определување на членовите на Комисијата за помирување, што ќе се формира за започнување на мировните преговори со талибанците.
news_share_descriptionsubscription_contact
