Tonguçnaz Seleme Baştürk
14 Јануари 2016•Ажурирај: 14 Јануари 2016
ЏАКАРТА (АА) - Индонезиската полиција соопшти дека најмалку седум лица загинаа во серија експлозии што го погодија утрово трговски сообраќај центар во Џакарта, јавува Anadolu Agency (АА).
Портпаролот на полицијата во Џакарта Мухамед Икбал изјави дека меѓу седумте жртви биле цивили и четрворица терористи, од кои најмалку еден странски државјанин.
Нападот се случил во близина на трговскиот центар Сариах и театарската зграда, која се наоѓа во негова близина, а според локални извори, во нападот најверојатно бил вклучен и еден бомбаш-самоубиец.
Популарната населба во Џакарта утрово ја потресе најмалку четири силни експлозии, а по нив се слушнале истрели и оружје. Полиција ја опколи зградата во која избега еден од напаѓачите, а во престрелката се ранети најмалку двајца полицајци.
Од полицијата исто така истакнаа дека напаѓачите не се идентификувани, но дека непосредно пред експлозијата, терористичката организација ДАЕШ објави закана дека во Индонезија ќе одржи "концерт", термин кој се користи за повеќе бомбашки напади.
Кон крајот на минатата година, индонезиската полиција уапсила повеќе од 20 лица осомничени за врски со ДАЕШ.