Muhammed Boztepe
20 Септември 2018•Ажурирај: 20 Септември 2018
АНКАРА (АА) - Турските вооружени сили извршија воздушна операција во северниот дел на Ирак, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на Генералштабот на Армијата на Турција се наведува дека вчера била извршена воздушна операција од страна на Турските вооружени сили во подрачјето на Метина, кое се наоѓа во северниот дел на Ирак.
Се нагласува дека во рамки на операцијата, според првичните сознанија, неутрализирани се тројца терористи кои биле во подготовка за напад врз бази.