Sena Güler
20 Септември 2018•Ажурирај: 20 Септември 2018
ВАН (АА) - Седум терористи на ПКК/КЏК денес се уапсени во антитерористичките операции во источна Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
„За време на операциите кои се спроведени истовремено, пет терористи се уапсени во источната област Ван, додека другите двајца се уапсени во југоисточните области Газиантеп и Дијабакир“, се вели во соопштението на Дирекцијата за безбедност на турската област Ван.
Оттаму додаваат дека за едно од лицата што се уапсени, идентификувано со иницијали С.К., се верува дека стои зад нападот во кој загина полициски службеник, што се случи во југоисточната област Ширнак во 2015 годинa.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на речиси 40.000 лица, вклучувајќи жени и деца.