Diyar Güldoğan
24 Јануари 2018•Ажурирај: 24 Јануари 2018
АНКАРА (AA) - Вооружените сили на Турција соопштија дека во операцијата „Маслинова гранка" во Сирија се неутрализирани 260 терористи на ПКК/КЏК/ПЈД-ЈПГ и ДЕАШ, јавува Anadolu Agency (AA).
Од друга страна, начелник на Генералштабот на Армијата на Турција Хулуси Акар изјави дека сите терористи ќе платат сметка за излеаната крв.
„Сите терористи, вклучувајќи ги ДЕАШ, ЈПГ и ПКК, ќе го добијат она што го заслужуваат и ќе ја платат сметката за излеаната крв", рече Акар во Анкара.
Операцијата во Африн е започната во рамките на правото на Турција коешто е засновано на меѓународното право и на резолуциите на Обединетите нации (ОН), особено на оние што се однесуваат на борбата против тероризмот 1624 (2005), 2170 (2014) и 2178 (2014).
Турција се повикува и на член 51 од Договорот на ОН, односно Правото на самоодбрана. Операцијата се спроведува со почитување на територијалниот интегритет на Сирија.