Zülfiya Yakup
26 Февруари 2016•Ажурирај: 26 Февруари 2016
ПРИШТИНА (AA) - Во првиот круг на тајното гласање не е избран ниеден од кандидатите за новиот претседател на Косово. За Хашим Тачи, лидерот на Демократската партиј на Косово (ДПК) гласааа 50 пратеници, додека за Рафет Рама, неговиот против кандидат, исто така од ДПК, доби 4 гласови. Неважечки беа 27 од ливчињата, јавува Anadolu Agency.
Според Уставот на Косово, за избор на претседател на Косово потребни се двајца кандидати и потребно е во гласањето да учествуваат најмалку 80 до 120 пратеници на Собранието на Косово, односно двотретинско мнозинство на пратениците. Кандидатот кој ќе добие двотретинско мнозинство гласови од пратениците во првиот или вториот круг, станува нов претседател на Косово. Доколку во првите два круга на гласање ниту еден кандидат не добие двотретинско мнозинство гласови, се оди на трет круг гласање во кој повторно е потребно да гласаат минимум 80 пратеници, но за изборот на претседател е доволно општо мнозинство или 61 глас.
По излегувањето на опозициските пратеници од салата и нивното придружување на демонстрантите пред собранието и додека во скупштинската сала траеше гласањето за избор на новиот претседател на Косово, пред Собранието дојде до ескалација на судирите. Приврзаниците на опозицијата почнаа да гаѓаат во правец на полицијата и зградата на собранието со солзавец и со молотов коктел.
Полицијата ги растерува насилните демонстранти исто така со солзавец и со водени топови. Имаше и апсења на демонстрантите.
Претходно околу два часа во Собранието на Косово се водеше остра дебата за кандидатот за претседател. Сите пратеници на опозицијата изнесоа низа обвиненија на за досегашната работа на лидерот на Демократска партија на Косово, Хашим Тачи, додека приврзаниците на опозицијата протестираат пред зградата на Собранието на Косово против избор на Тачи за претседател и за оставка на владата.