Adham Kako
27 Јануари 2018•Ажурирај: 28 Јануари 2018
АНКАРА (AA) - Повеќе од 5.700 цивили загинаа во нападите кои повеќе од две години ги изведуваат руските сили во Сирија, покажуваат податоците на Сириската мрежа за човекови права (SNHR), јавува Anadolu Agency (AA).
Во извештајот се наведени податоци за руската воена интервенција во Сирија, која започна во септември 2015 година. Офанзивата ја започнаа како изговор дека е во прашање воена поддршка на властите на сирискиот претседател Башар ал-Асад и борба против тероризмот.
SNHR истакнува дека од септември 2015 година до крајот на декември 2017 година во нападите на руските сили загинаа 5.783 лица, меѓу кои се 1.596 деца и 992 жени.
Се нагласува дека голем процент од човечките губитоци е забележан во нападите на подрачјата кои се под контрола на опозицијата. Нападите на Асадовите и руските сили доведоа до раселување на околу 2,3 милиони лица.
Во 27 месеци забележани се и 294 масакри со тоа што за масакр се оценуваат нападите во кои гинат повеќе од пет лица.
SNHR наведува и дека во руските напади загинале 53 здравствени работници. Повикаа ишто поскоро да се запрат интензивните напади на цивилите во Сирија.