Ekipa
28 Јануари 2018•Ажурирај: 29 Јануари 2018
ТРИПОЛИ (АА) - Поморските сили на Владата на национално единство на Либија, фатиле 86 илегални мигранти во отворени води кај градот Ебу Кемаш, јавува Anadolu Agency (AA).
Гласноговорникот на поморските сили, полковник Ејуп Касим, соопшти дека како резултат на извршените акции на отворени води кај градот Еби Кемаш, кој се наоѓа северозападно од главниот град Триполи, фатени се 86 илегални мигранти на гумен чамец.
Касим информираше дека мигрантите се државјани на арапски и на африкански земји, меѓу кои 15 се жени и 9 деца. Тој истакна дека мигрантите ќе бидат пренесени во центарот за прибежиште во Таџура.
Либиските поморски сили соопштија дека во 2017 година биле спасени околу 16 000 мигранти.
Голем број мигранти од Африка кои сакаат да преминат во Европа, поради безбедносните проблеми во нивните земји, ја користат либиската рута.