İlkay Guder
12 Ноември 2016•Ажурирај: 13 Ноември 2016
АНКАРА (АА) - Во рамките на операцијата „ Штитот на Еуфрат” на територијата на северниот дел од Сирија неутрализираа 18 терористи на ДЕАШ, јавува Anadolu Agency (AA).
Терористите на организацијата ДЕАШ се неутрализирани при напад кој турските воени авиони го извршиле на западниот дел на местото Салва.
Вооружените сили на Турција соопштија денес дека операцијата „Штитот на Еуфрат” се продолжува на северниот дел на Сирија.
Се додава дека вчера во координираните напади на копнените и воздушните сили е воспоставена контрола во местата Садир и Тилели.
Во нападите загинаа пет припадници на опозициските сили, додека 18 се ранети.
Од друга страна, ликвидирани се пет терористи на ДЕАШ, додека уништени се две згради кои терористите ги користеле како воена база.
Речиси 1,600 квадратни километри на територија на северениот дел на Сирија е расчистена од терористичката организација ДЕАШ во рамките на операцијата „ Штитот на Еуфрат ”.
Во последните три дена, Слободната војска на Сирија поддржана од Турција, ослободи околу осул километри во подрачјето Ал Баб, кое се наоѓа на североисточниот дел на Алепо.
Борците на Слободната војска на Сирија вчера зедоа под контрола пет села во покраината Маре, северозападно од ал Баба и Манбиј, источно од ал Баба.
Воената операција „ Штитот на Еуфрат ” е покрената во август со цел расчистување на северниот дел на Сирија од терористичките групи. Денес операцијата влегува во 80. ден.