Ertuğrul Subaşı
17 Јануари 2016•Ажурирај: 18 Јануари 2016
АНКАРА (АА) - Генералштабот на Турската војска соопшти дека во антитерористичката операција во областа Чизре, во југоисточната провинција Ширнак, загинаа најмалку 12 припадници на терористичката организација ПКК, јавува Anadolu Agency (АА).
Во соопштението се вели дека, вклучително со овие 12, од почетокот на анти-терористичкие операции во регионот на Турција, загинале вкупно 320 терористи. Турските безбедносни сили во акцијата утринава заплениле големо количество оружје, муниција и експлозиви.
Отстранети се три блокади на патиштата, како и два рова поставени во областа Чизре од страна на терористите, и пет такви барикади во областа Сур, во покраината Дијарбакир. Паралелно со ова, турската полиција уапси шест лица, кои им помагале на терористите на ПКК во областа Догубајазит, во покраината Агри.
Уапсени се пет лица и две малолетни деца додека се обидувале илегално да ја преминат границата од Сирија во Турција. Уапсените се странци под сомнение за поврзаност со терористичката организација ДАЕШ.
Во средината на јули минатата година, ПКК ја продолжи својата терористичка активност и вооружените напади во источна и југоисточна Турција. Досега во овој регион, загинаа над 200 припадници на турските безбедносни сили.