Senada Ibraimova
11 Октомври 2016•Ажурирај: 12 Октомври 2016
СКОПЈЕ (АА) – Илјадници граѓани од цела Македонија, во организација на Социјал Демократскиот Сојуз на Македонија (СДСМ) и различни невладини организации, маршираа по улиците на Скопје, под мотото: ’Борбата продолжува – гласот победува’, одбележувајќи го 11. октомври - Денот на народното востание и антифашистичката борба, јавува Anadolu Agency (AA).
Маршот започна пред Специјалното Јавно Обвинителство (СЈО) и заврши пред собранието, каде се обратија различни активисти, вклучувајќи го и лидерот на СДСМ, Зоран Заев.
Тие го изразија својот револт од состојбите во државта, поради како што рекоа, лошата економска и политичка состојба.
Претседателот на најголемата опозициска партија во земјава, во своето обраќање рече дека, и денеска на овој светол датум 11.октомври е врежан со црвено во колективната меморија на сите генерации на денешнината гласно потврдуваат дека, борбата продолжува.
Заев спомнувајќи ги имињата на загинатите партизански борци од НОБ, рече: „Нивната борба за слобода е и наша денешна борба за слобода. Тие се кренаа, се бореа и се изборија. И ние се кренавме, се бориме и ќе се избориме. Нашето оружје е нашиот глас.“
Заев рече дека, низ овој масовен марш покажаа дека граѓаните склучиле сојуз со поединци, групи, граѓански здруженија, членови и симпатизери на леви и десни партии, на демократски движења и други.
„Ете затоа беше толку важен овој граѓански марш, што ја покажува нашата одлучност. Марширавме за враќање на државата во рацете на граѓаните“, истакна Заев.