Bekim Laci
16 Февруари 2016•Ажурирај: 16 Февруари 2016
СКОПЈЕ (АА) - Судиите и претседателите на судовите на Македонија на тркалезната маса, која е организирана од страна на Судскиот совет на Република Македонија, Академијата за судии и јавни обвинители "Павел Шатев" денеска ќе разговараат за "Искуствата на локални и меѓународни стандарди за евалуација на работата на судиите и претседателите на судовите" јавува Anadolu Agency (АА).
Директорката на Академијата за судии и јавни обвинители "Павел Шатев", Анета Арнаудовска, во нејзината изјава за новинарите рече дека тркалезната маса организирана за спроведување на приоритетните реформи во судството кои произлегуваат од Акциониот план Рајнхард Прибе.
"Потребата за реформи се презентирани во извештајот на Греко, по кој се бара подобрување на системот за оценување на судиите кои треба да се засноваат на квалитативни критериуми", рече таа.
Александра Зафировска, член на Судскиот совет на Република Македонија рече дека меѓународното присуство во оваа тркалезна маса е добредојдено, бидејќи тоа им овозможува меѓународни искуства за оценување на судиите,што според неа е во корист на самите судии, но како што рече ова ќе придонесе за правдата.
"Постојат седум години откако ја правиме евалуацијата, но во текот на процесот забележавме неколку работи кои биле означени дури и од страна на Европската комисија" - изјави Зафировска.
Заменик-претседателот на Консултативниот совет на европски судии, Ѓуро Сеса зборувајќи за сегментите од македонското судство кои треба да бидат поправени рече дека ова е внатрешно прашање на земјата, бидејќи според него секој судски систем е предмет на критики и секогаш има простор за корекција.
Во текот на денот, судиите и обвинителите ќе ги анализираат меѓународните стандарди за оценување на судиите и претседателите на судовите за воспоставување на хармонизиран систем на перформанси.