Mohammad Sıo
23 Мај 2025•Ажурирај: 24 Мај 2025
ИСТАНБУЛ (АА) - Петтата рунда индиректни преговори меѓу Соединетите Американски Држави (САД) и Иран за нуклеарната програма на Техеран започнаа денес во Рим, јави иранскиот државен медиум „Прес ТВ“, пренесува Анадолу.
Министерот за надворешни работи на Иран, Абас Арагчи, ја предводи иранската делегација во италијанската престолнина, додека претставникот за регионот на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф, ја предводи делегацијата на САД.
Иран и САД ги продолжија преговорите за иранската нуклеарна програма минатиот месец со цел да се премостат разликите за збогатувањето на ураниумот од страна на Техеран, а Оман дејствува како посредник.