Admir Fazlagic
08 Септември 2018•Ажурирај: 08 Септември 2018
СКОПЈЕ (АА) - Германската канцеларка Ангела Меркел, која денеска престојува во посета на Република Македонија, на платото пред Владата беше пречекана со свечена церемонија од страна на премиерот Зоран Заев, јавува Anadolu Agency (AA).
Ова е прва посета на германски канцелар на Македонија, а нејзиниот престој во земјава е дел од поддршката што меѓународната заедница ја дава за претстојниот референдум, закажан за 30 септември оваа година, кога граѓаните треба да се произнесат за Договорот за решавање на спорот со името и интегрирањето во НАТО и ЕУ.

Според најавеното од Владата на Република Македонија, по свечениот пречек, канцеларката Меркел и премиерот Заев ќе имаат средба, а потоа и заедничка прес-конференција.
Во официјалната посета на земјава Меркел ја предводи германската владина делегација, која претпладнево ќе биде свечено пречекана на платото пред Владата на Република Македонија.
По средбата премиерот Зоран Заев и германската канцеларка ќе имаат заедничка прес-конференција.
Во пресрет на референдумот, во посета на Македонија изминативе денови беа генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, министерот за надворешни работи на Луксембург, Жан Аселборн, како и австрискиот канцелар, Себастијан Курц.