?????
06 Февруари 2016•Ажурирај: 07 Февруари 2016
БЕРЛИН (АА) - Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека пружањето засолниште на бегалците од Сирија и Ирак е дел од напорите на нејзината земја за спротивставување на терористичката организација ДАЕШ, јавува Anadolu Agency (AA).
„Германија смета дека нејзината поддршка на Ирак и борбата против таканаречената ,Исламска држава' не е само воена, туку и хуманитарна, во која спаѓа и прифаќањето на бегалците”, изјави Меркел.
Во своето неделно обраќање до јавноста Меркел ги повика бегалците од Ирак и Сирија да се интегрираат во германското општество и да го научат германскиот јазик. Таа додаде дека бегалците треба да се подучуваат на различни вештини преку што ќе помогнат во обновата на својата држава кога ќе се воспостави мирот.
Германската канцеларка е на мета на критики од јавноста поради одлуката да не го ограничи приливот на бегалци кои пристигнуваат во Германија, а чиј број минатата година изнесуваше скоро 1,1 милион.
Меркел во видео порака, објавена на страницата на германската Влада, повика на спречување на загрозувањето на Шенген зоната.
„Мораме да ги штитиме нашите надворешни граници ако сакаме да го зачуваме Шенгенот. Доколку не се успее да се заштитат надворешните граници, тогаш е во опасност просторот за слободно движење на нашиот заеднички пазар, кој е основа за благосостојбата”, порача германската канцеларка.