Admir Fazlagic
26 Април 2016•Ажурирај: 27 Април 2016
СКОПЈЕ (АА) - Вечерва во Скопје се одржаа уште едни протести на кои грѓаните излегоа да го изразат својот преволт против одлуката на претседателот Ивановза аболиција на сите политичари против кои се водат истраги во моментов, јавува Anadolu Agency (AA).
Илјадници граѓани 13-ти ден откако протестираат низ скопските улици барајќи од претседателот на државата Ѓорѓе Иванов да ја повлече својата одлука за аболиција на политичари и да поднесе оставка. Како и во изминатите денови, така и вечерва протестот започна околу 18 часот пред просториите на СЈО, а продолжија кон македонското Собрание, потоа пред зградата на Министерството за права и Народната канцеларија на претседателот на државата, кон кои граѓаните фрлаа различни бои, нарекувајќи го ова како "Шарена револуција". Демонстрантите палеа и фотографии од претседателот Ѓорѓе Иванов.
Извикувајќи разни пароли, меѓу кои највеќе "Нема правда, нема мир", демонстрантите и вечерва ги истакнаа своите барања кои како што велат, се додека нема да се исполнат ќе останат на улица, а тоа се, освен повлекување на одлуката за аболиција на политичари и оставка на претседателот Иванов, одложување на предвремените парламентарни избори кои треба да се одржат на 5 јуни, бидејќи, како што велат граѓаните кои протестираат нема услови да се одржат кредибилни избори.
Протестот заврши пред зградата на Владата на Република Македонија.
Протестите предизвикани поради одлуката на претседателот Иваноц за аболиција на политичарите се шират и низ другите градови во Македонија. Освен во Скопје, се протестира и во Тетово, Кичево, Струмица,Велес и во другите градови. Демонстрантите организирани од граѓанските организации најавуваат дека протестите ќе се интензивираат и шират во наредните денови.