Besar Ademi,Cuneyt Davut
02 Април 2016•Ажурирај: 03 Април 2016
ИДОМЕНИ (АА) - Утрово, главниот патен правец кон селото Идомени, каде што се наоѓаат околу 12 илјади бегалци, околу еден час остана блокиран од страна на грчките земјоделци, кои сакаат бегалците да ги напуштат шаторите лоцирани на нивните обработливи земјишта околу кампот Идомени, јавува Anadolu Agency (AA).
Грчките земјоделци, најголемиот дел од нив единствен приход добиваат од обработката на земјата, ја обвинуваат грчката влада бидејќи не презема конкретни мерки за решавање на прашањето на бегалците во Идомени и не им овозможува никаков надомест.
Пред два дена, еден лут земјоделец кој поседува околу 8 хектари земјиште околу кампот во Идомени, со својот трактор почна да ја обработува својата земја низ шаторите, меѓу децата и возрасните. Тој се согласи да престане со работата по интервенцијата на полицијата.
Грчките власти соопштија дека во понеделник ќе се вратат првите бегалци и мигранти во Турција, а очекуват кампот во Идомени да се испразни за три недели.
Сепак, ситуацијата во кампот за бегалци во Идомени се смета за тензична затоа што бегалците одбиваат да се вратат во Турција. Речиси две недели, бегалците ја држат блокирана меѓународната железничка линија која што ги поврзува Грција и Македонија.