Besar Ademi
04 Декември 2015•Ажурирај: 05 Декември 2015
ГЕВГЕЛИЈА / ИДОМЕНИ(АА) - Откако грчката полиција ги отстрани економските мигранти и отвори коридор за бегалците од Сирија, Авганистан и Ирак, на територијата на Македонија влегле околу 1.000 бегалци, а околу две илјади други чекаат да влезат, јавува Anadolu Agency (AA).
Протокот на бегалците во текот на изминатите два дена се одвиваше отежнато. На самиот граничен премин останаа заглавени и бегалците од воените подрачја на кои им е дозволено да ја поминуваат границата , поради тоа што нивното поминување го попречуваа економските мигранти, на кои , повеќе од две недели не им е дозволено да ја поминуваат македонската јужна граница и другите европски земји. Вчера по низа инциденти на македонскиот јужен граничен премин грчката полиција успеа да воведе контрола. Сега протокот на бегалците кои влегуваат на македонската јужна граница се одвива редовно.
Тања Антиќ од Црвениот крст на Македонија, во разговор за АА, рече дека во прифатниот центар за бегалци има повеќе од 500 бегалци, додека во вечерните часови се очекува таа бројка да расте. Антиќ истакна дека процесот на регистрација се одвива нормално, а бегалците веднаш по регистрирањето го напуштаат прифатниот центар.
"Бројот на луѓе кои влегуваат во кампот е секогаш се зголемува. Иако ситуацијата надвор од кампот е иста. Денес ние очекуваме кампот да биде полн, но сепак не чекаат многу, не се задржуваат многу но се чуваат не повеќе бегалци во кампот, тие веднаш да продолжат и во Србија ", објаснува Антиќ.
Шефот на УНХЦР од грчка страна, Александар Зваргулис, рече дека околу илјада бегалци ја преминале границата, а околу две илјади другите чекаат да преминат. Од раните утрински часови до попладнево во кампот од грчката страна пристигнаа околу 43 автобуси со над две илјади бегалци, кои мора да се регистрираат за да продолжат кон Македонија.
Зваргулис по своето обраќање истакна дека кампот за бегалци е преполн и нема простор за другите.
"Не може да се направи проценка на бројот на бегалците и мигрантите, кои се во грчката страна, бидејќи бројот е премногу голем” ,изјави Зваргулис.
Тој истакна дека околу илјада економски мигранти се заробени во "ничија земја".
УНХЦР во соработка со Црвениот крст и неколку невладини организации се обидуваат да им помогнат на бегалците и мигрантите, пружајќи им прва помош, давајќи им облека.
"Овде, во камп неколку организации кои обезбедуваат храна. Ова што го прават овие оранизации кои ни нудат помош е добра работа” ,изјави еден мигрант од Сомалија.