Yıldız Aktaş
19 Април 2016•Ажурирај: 20 Април 2016
СТРАЗБУР (АА) - Турскиот премиер Ахмет Давутоглу порача дека вратата и срцето на Република Турција ќе бидат секогаш отворени за угнетените и протерани сириски браќа, и додаде дека меѓународната заедница потфрли и во тој контест земјите на регионот се препуштени сами да се носат со товарот на бегалската криза, јавува Anadolu Agency (AA).
Давутоглу се обрати денес во Стразбур, во Парламентарното собрание на Советот на Европа, и тоа е прво обраќање на еден премиер на турски јазик со оглед на тоа што дека турскиот јазик од неодамна е вклучен во работните јазици на таа институција.
„Во време кога глобализацијата е присутна и влијае во секој дел од нашиот живот, неопходно е добрината и правдата да бидат, исто така, глобализирани. Во спротивно, ниту во еден дел од светот нема да можеме да зборуваме за правда, слобода, ниту за безбедност”, изјави турскиот премиер Ахмет Давутоглу.
Турскиот премиер нагласи дека вратата на Република Турција за угнетените и невините ќе биде секогаш отворена, но истакна дека пријателите на Турција не ја преземале својата одговорност кога е во прашање „поделбата на овој товар”.
„Она што сакам посебно да го нагласам е дека овде не дојдов со цел да добијам признание за она што го направивме и ќе го направиме за нашите сириски браќа. Сакаме да укажеме на сериозноста и димензијата на овој проблем, а со оглед на важноста на ,поделба на товарот' сето тоа сакаме да го поделиме со меѓународната јавност”, изјави Давутоглу.
Нагласувајќи дека е погрешно да се поврзе тероризмот со било која верска или етничка група, Давутоглу изјави дека токму таквите грешки се цел и интерес на терористичките организации.
„Особено го осудувам секое поистоветување и споредување на тероризмот со исламот”, изјави Давутоглу и додаде дека негова основна должност е да се бори против тероризмот, без оглед на тоа дали станува збор за ДАЕШ, ПКК или ДХКП.
Тој оцени дека стопирањето на војната во Сирија и борбата против тероризмот се приоритетни задачи и додаде дека во борбата против тероризмот не смеат да се прават класификации ниту разлики меѓу терористичките организации.
Давутоглу коментираше и за договорот на Турција и ЕУ за решавањето на бегалската и мигранстка криза и изјави дека во моментов нема никакви недостатоци во договорот, но дека е јасно кои се преговарачи и кој треба да ги отстрани недостатоците доколку ги има.
„Што се однесува до Турција, три милијарди евра ќе бидат користени исклучиво за потребите на сириските бегалци. Ние на дневен ред не ја ни изнесуваме оваа тема, туку тука е битна хуманитарната димензија. Никој од нас не сака безживотните тела на бебињата да бидат исфлени ниту на турскиот ниту на грчкиот брег од Егејското Море”, изјави Давутоглу.