Ekip
19 Април 2016•Ажурирај: 20 Април 2016
АНКАРА (AA) - Турција ќе воведе забрана за продажба на цигари во рамките на универзитетските кампуси, изјави турскиот министер за здравство Мехмет Муезиноглу, јавува Anadolu Agency (AA).
Муезиноглу беше гостин на денешниот уреднички деск на АА во Анкара, а во таа прилика одговоараше на прашањата на новинарите и уредниците на АА од сите делови на светот.
Минисетрот ги најави новите регулативи кога се во прашање продажните места на цигари во Турција и рече дека повеќе нема да биде можна продажбата во рамките на универзитетските кампуси.
"Ја укинуваме продажбата на цигари во универзитетските кампуси, на тие места тоа веќе нема да биде можно", рече Муезиногллу, не нагласувајќи притоа точен датум на стапување на сила на новото правило.
Зборувајќи за примерот на Австралија која денесе остар закон за амбалажата на циграрите, односно продажба на цигарите во кутии без лого и со застрашувачки слики на болни органи, Муезиноглу рече дека на овој начин се "убива брендот".
"Со оглед дека овој проект не е спорведен ниту во една држава освен во Австралија, тој нема да биде спроведен ниту во Турција", рече министерот.
Зборуваше и за борбата против терористичката организација ФЕТО/ПДЈ, организацијата позната како Хизмет и ја истакна важноста за продолжување на борбата против "паралелните структури".
"Државата никогаш нема да прифати со неа да се управува на некој начин на служење на некои други канали", рече Муезиноглу и додаде дека се работи за предавничка структура, како и дека народот секој ден станува посвесен за тој факт.