Ferdi Türkten
22 Мај 2016•Ажурирај: 22 Мај 2016
АНКАРА (АА) - Во Анкара денеска се одржа вториот вонреден Конгрес на турската владејачка Партија на правдата и развојот (АК партија) а претседателот на таа политичка опциja и сегашниот премиер на Турција, Ахмет Давутоглу, во своето обраќање рече дека може да се прости и да се повлече од својата функција, но дека никогаш нема да се откаже и да се повлече од мисијата, приоритетите и борбата која ја води движењето на АК партијата, јавува Anadolu Agency (AA).
"Ние не трчаме за краткорочни и минливи прашања, туку за трајни вредности и добра. Никогаш нема да потклекнеме на тој пат, ниту пак ќе паднеме во стапици, ниту ќе ја заборави ме нашата мисија и љубовта", рече Давутоглу.
Потсетувајќи дека АК партијата во чувствителен период поминала низ искуството на два циклуса на селекција постигнувајќи голем успех, Давутоглу рече дека не дозволиле никаква можност за успех на оние кои сакаа да видат хаос и дестабилизација во земјата.
Тој додаде дека турската влада за само три месеци ги реализира сите свои ветувања, продолжувајќи со спроведувањето на мега-проекти започнати од основачот на партијата Ердоган.
Укажувајќи на кризата во земјите од регионот и на глобалната криза во повеќе области, Давутоглу рече дека АК Партијата во Турција презеде голема одговорност во тешки времиња и започна решителна и жестока борба против тероризмот во сите негови форми и организации со ДАЕШ и ПКК на чело.
„Ние рековме дека ќе продолжиме со војната против тероризмот додека секоја планина, река и град не ги исчистиме од терористички елементи. Тоа ѝ го ветивме на нацијата, и никој да не се посомнева дека ќе го сториме тоа. И покрај пожарите во соседството, ја задржавме стабилноста во земјата и ќе продолжиме и понатаму да го правиме тоа”, рече Давутоглу.
Укажувајќи на принципот на АК Партијата, дека Турција со пријателските, братските и ранливите земји во светот се односува со милост, Давутоглу рече дека Турција е срце, совест и надеж во очите на нејзините пријатели од Азија, Балканот, Блискиот Исток, па до Африка.
„Ние секогаш сме ги ширеле рацете и никогаш не сме ги оставиле сами стотиците милиони наши браќа кои во нас гледаат со очите на надежта. Апелирам до сите наши браќа од Сараево до Крим, не грижете се, Турција секогаш ќе биде со вас, со лојалноста и силата што ја втемели АК Pартијата”, порача Давутоглу.
На крајот од својот говор Давутоглу рече дека останува посветен на работата во рамките на АК Партијата, и дека тоа движење и патот му припаѓаат на целиот народ, а никому лично.