Izzet Taskiran
22 Мај 2016•Ажурирај: 23 Мај 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Претседтаелот на република Македонија, Ѓорѓе Иванов и црногорскиот претседател Филип Вујановиќ пристигнаа во Турција за да учествуваат на Светскиот хуманитарен самит, кој на 23-ти и 24-ти мај ќе се одржи во Истанбул, јавува Anadolu Agency (AA).
Вујановиќ и Иванов на аеродромот Ататурк во Истанбул беше пречекан од турски официјални лица.
Во време на масовни миграции, кога луѓето во целиот свет се соочуваат со интензивни хуманитарни кризи, во Турција, земја која, според претставниците на Обединетите нации (ОН), прими повеќе од три милиони бегалци, во понеделник на 23-ти мај, ќе започне првиот Светски хуманитарни самит. Лидерите на земјите од целиот свет, претставници на различни организации пристигнуваат во Истанбул по тој повод.
Светскиот хуманитарен самит се одржува на 23-ти и 24-ти мај во Истанбул, во време кога човечкото страдање како резултат на природните катастрофи или вооружените конфликти се поголеми од страдањата за време на Втората светска војна.
Бројот на раселени лица во светот достигна 60 милиони, а секоја година 218 милиони луѓе се погодени од природни катастрофи. Овие катастрофи на светската економија и предизвикуваат штета од 300 милијарди долари.
Самитот се одржува по иницијатива на генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун. На самитот лидерите на над 60 земји ќе бараат одговори на итни прашања.
На Самитот ќе се одржат 15 посебни сесии, 17 тркалезни маси и околу 130 придружни активности.
Се очекува дека на самитот, кој е прв од ваков вид во последните 70 години, ќе се приклучат околу 6.000 учесници, меѓу кои и претставници на 500 локални и меѓународни невладини организации, како и претставници од 345 компании од целиот свет.