Kubilay Çelik
03 Мај 2016•Ажурирај: 04 Мај 2016
АНКАРА (AA) - Премиерот на Турција, Ахмет Давутоглу, порача денес во Анкара дека ќе бидат пронајдени и санкционирани сите поврзани со терористичките организации, јавува Anadolu Agency (AA).
„Немојте да се сомневате дека ќе бидат пронајдени и санкционирани оние кои имаа намера Улу џамијата во Бурса да ја претворат во место на крвав терористички напад. Ќе бидат пронајдени сите поврзани со терористичката организација. Ќе бидат пронајдени и санкционирани", рече турскиот премиер потсетувајќи на неодамнешниот терористички напад во Бурса.