Muhammed Yasin Güngör
17 Ноември 2026•Ажурирано: 17 Ноември 2026
Американскиот претседател Доналд Трамп пристигна во главниот град на Филипините, Манила, денес околу 17:53 часот (9:53 часот по Гринич), за да учествува на високи дипломатски самити на почетокот на неговата азиска турнеја, во чии рамки е предвидена и дводневна посета на Кина, јавува Анадолу.
Трамп треба да се сретне со лидерите на Квадрилатералниот безбедносен дијалог (КВАД), во кој членуваат САД, Австралија, Индија и Јапонија.
Состанокот во Манила ќе биде прв самит на лидерите на КВАД од септември 2024 година.
Подоцна, тој ќе учествува на настани со Асоцијацијата на нациите од Југоисточна Азија (АСЕАН), како и на потпишувањето трговски договор со Тајланд.
По билатералната средба со филипинскиот претседател Фердинанд Маркос Џуниор в среда, Трамп ќе отпатува за Шенжен, во југоисточна Кина, каде што ќе учествува на самитот на Азиско-пацифичката економска соработка (АПЕК).
Подоцна, тој ќе одржи досега невиден трилатерален самит со кинескиот претседател Си Ѓинпинг и рускиот претседател Владимир Путин.