МОСУЛ (АА) - Од фронтот Хазир каде што се распоредени, армијата на Ирак и силите на Пешмергите, терористичката организација ДЕАШ во Мосул ќе ја нападнат од три насоки, јавува Anadolu Agency (AA).
Армијата на Ирак и силите на Пешмергите кои се распоредени на фронтот Хазир што се наоѓа 40 километри источно од центарот на градот Мосул, се спремат со тешко оружје да ги бомбардираат позициите на ДЕАШ. Воените авиони на коалициските земји погодувајќи ги од воздух позициите на ДЕАШ ќе ја поддржат операцијата.
Во рамките на операцијата започната од фронтот Хазир целта е да се спаси населбата Хамданија каде во најголем дел населението го сочинуваат Христијани.
Еден од командантите на Пешмергите во фронтот Хазир, полковникот Сејит Хајар, во неговата изјава за АА рече дека силите на Пешмергите распоредени во југоисточниот и источниот дел на Мосул за кратко време од три страни ќе ги нападнат позициите на ДЕАШ. Во операциите на различни фронтови се очекува да учествуваат помеѓу 15 и 18 илјади Пешмерги.
Во меѓувреме, се дознава дека на стратешката планина Зердек која се наоѓа во источниот дел на градот Мосул испратени се голем број на Пешмерги. Видено е дека за следење на движењето на милитантите на ДЕАШ во долнината Мосул, со хеликоптери постојано се осветлува регионот. Од некои места на долнината Мосул се слушаат звуци на минофрлачки гранати.
Премиерот на Ирак, Хајдар ел-Ибади изјави дека операцијата за спасување на Мосул од ДЕАШ е започната. Во неговата изјава за државниот телевизиски канал то рече дека во центарот на градот Мосул ќе влезат само армијата и полициските сили.
news_share_descriptionsubscription_contact
