Dejan Maksimoviç
19 Декември 2015•Ажурирај: 20 Декември 2015
БАГДАД (АА)- Во воздушните напади на целите на ДАЕШ во Ирак, коалициите кои ги предводат САД, по грешка се убиени најмалку десет ирачки војници, соопштија ирачките функционери, јавува Anadolu Agency (AA).
Оваа вест ја потврдија од американските вооружени сили, но не наведоа број на страдани припадници на ирачката војска. Инцидентот се случи во петок за време на воздушните напади на целите на ДАЕШ во близина на Фалуџа, градот оддалечен триесетина километри од Багдад.
"Првите извештаи укажуваат на можноста да еден од воздушните напади резултираше со смртта на ирачките војници" , соопштено е од страна на американските војници.
Наведоа дека ќе направат истрага за тоа што навистина се случило, за да ги утврдат фактите кои доведоа до инцидентот и ја поканија ирачката војска да учествува во истрагата.
Заедничката команда на операции во Ирак наведува дека загинаа или дека се ранети девет војници и еден офицер на ирачките вооружени сили. До воздушниот напад дојде на барање на ирачката војска за помош за време на борбата во близина на Фалуџа, која е под контрола на ДАЕШ.
Во последните неколку месеци коалицијата ги интензивираше воздушните напади на ДАЕШ во Ирак.