Tuğrul Çam
27 Јули 2018•Ажурирај: 28 Јули 2018
АНКАРА (АА) - Наводите на медиумите за наводен договор меѓу Турција и Соединетите Американски Држави (САД) во врска со ослободувањето на турската државјанка Ебру Озкан во замена за ослободувањето на американскиот свештеник Ендрју Брансон се целосно неосновани и неточни, истакна денеска во изјава за Anadolu Agency (АА) неименуван турски официјален претставник.
На американскиот свештеник Ендрју Крег Брансон, кому во Измир, Турција, му се суди за шпионажа и делување во име на ПКК и ФЕТО, претходно одредениот притвор му е преиначен во домашен притвор.
Брансон е уапсен кон крајот на 2016 година и оттогаш се наоѓа во притвор. Обвинет е за делување и шпионажа во корист на терористичките организации ПКК и ФЕТО.
Ебру Озкан во Истанбул допатува на 16 јули, откако претходно беше приведена на аеродромот „Бен Гурион“ во Тел Авив.
Озкан беше приведена на 11 јули на аеродромот од каде што имала намера да се врати во Турција, по посетата на Ерусалим.
Турските власти од Анкара претходно се пожалија на апсењето на Озкан и побараа соодветно спроведување истрага и судска постапка.