Sadık Kedir Abdu
27 Јули 2018•Ажурирај: 28 Јули 2018
БАЈБУРТ (АА) - Во зеленилото на турскиот регион на Црното Море, туристите се воодушевени од џамијата изградена на карпа, од која се нуди спектакуларен поглед, пишува Anadolu Agency (AA).
Во подрачјето меѓу Бајбурт и Трабзон, џамијата, која се наоѓа на надморска височина од 3.200 метри, изградена на карпата локално позната под името Кирклар, ги привлекува верниците и љубителите на природата да ја видат единствената маглива атмосфера која мистично ја прекрива околината.

Многумина доаѓаат овде да се оддалечат и одморат од градската врева и рутина, да размислуваат и да се поврзат со природата.
По искачувањето по стрмниот карпест терен, тие ги запишуваат своите импресии во книгата којашто се наоѓа во џамијата, наменета за тоа.

„Ова место создава чувство на вечност“, рече Нуртен Балџи, истакнувајќи дека таа го посетува местото по вторпат. „Сакам да доаѓам овде секоја година.“
„Ова е место кое треба да се посети“, рече Фатма Нур, додавајќи дека за неа местото е неочекувано пријатно.

„Кирклар“ бил термин резервиран за достојни луѓе кои доаѓале со решенија за општествени прашања, а се верува дека џамијата, чија старост не е позната, била место за средби на такви истакнати личности.