Erbil Başay
31 Август 2016•Ажурирај: 31 Август 2016
ФРАНКФУРТ (AA) - Дел од аеродромот во Франкфурт во Германија е евакуиран поради потрагата за лице кое влезе во терминал 1 без да ги помине безбедносните контроли на аеродромот, јавува Anadolu Agency (AA).
Според вестите во германските медиуми терминалот е затворен од безбедносни причини и поради тоа луѓето да не се мешаат во текот на потрагата за ова лице.
Федералната полиција на аеродромот преку Твитер соопшти дека едно лице без да ги помине безбедносните контроли влегло во терминалот.
Исто така се вели дека евакуирањето на тој дел е направено како мерка на претпазливост.
Се додава дека нема закана за бомба. Исто така, најавено е дека сите патници одново ќе ги поминат безбедносните контроли.
Меѓународниот аеродром во Франкфурт важи за најголем аеродром во Германија.