Mustafa Deveci
28 Ноември 2018•Ажурирај: 29 Ноември 2018
ЕРУСАЛИМ (АА) - Според анкетата на „Си-ен-ен“ (CNN), секој петти Европеец вели дека Евреите имаат големо влијание врз политиката и медиумите, и изразил вознемиреност околу тоа, пренесува Anadolu Agency (AA).
Учесниците во анкетата на компанијата „ComRes“ реализирана за „Си-ен-ен“ (CNN) со учество на над 7.000 лица од седум европски земји, меѓу кои Германија, Франција и Британија, сметаат дека антисемитизмот е предизвикан од ставот на Израел и Евреите.
Само 10 отсто од учесниците во анкетата која е реализирана во септември рекоа дека имаат негативно размислување за Евреите, додека 32 отсто веруваат оти Евреите го користат холокаустот за да ги постигнат нивните цели.
Дваесет и осум отсто од учесниците нагласија дека антисемитизмот во нивните земји произлегол поради активностите на Израел, додека 18 отсто од нив подвлекоа дека е предизвикан поради ставот на Евреите.
Секој петти учесник во анкетата истакнал дека Евреите имаат големо влијание врз политиката и медиумите, и изразил вознемиреност околу тоа.
Околу 25 отсто од испитаните веруваат оти Евреите имаат влијание во конфликтите и војните во светот.
Од анкетата произлезе дека Европејците немаат доволно информации за холокаустот. Секој 20-ти учесник во анкетата рекол дека претходно не слушнал за холокаустот.