Hakan Çopur
23 Септември 2016•Ажурирано: 24 Септември 2016
ВАШИНГТОН (АА) - Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, го обвини режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад за нападот врз хуманитарниот конвој во Алепо, како и за неспособноста за одржување на примирјето во Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Ердоган, кој престојува во Њујорк по повод одржувањето на 71. заседание на Генералното собрание на ОН, гостуваше на телевизијата „Ем-ес-ен-би-си“ (MSNBC) и одговараше на прашањата од новинарите во врска со актуелните случувања.
Тој на прашањето на новинарот: „Дали примирјето во Сирија е завршено?“ одговори: „За жал, така е. Примирјето во Сирија е мртвородено“, и додаде дека од американско-руските преговори сѐ уште се надева дека ќе дојде до шанса за ново примирје.
„За нападот врз хуманитарниот конвој во Алепо, одговорен е лично Асад. Во овој напад уште еднаш видовме каков карактер има режимот на Асад“, изјави Ердоган.
Запрашан дали меѓу САД и Русија постои проект на политичкиот процес на транзиција во кој е вклучен и Асад, Ердоган одговори дека за владеењето на Асад, животот го загубиле 600.000 лица, и дека чувањето на Асад над Сирија претставува непочитување кон луѓето што ги загубиле своите животи.
Во врска со обидот за државен удар што се случи на 15 јули од страна на терористичката организација ФЕТО, Ердоган изјави дека демократијата во Турција е спасена благодарение на храброста и напорот на народот. Тој додаде дека Турција многу одлучно очекува дека лидерот на терористичката организација ФЕТО, Фетула Ѓулен, ќе биде испорачан во Турција.
Зборувајќи за претседателските избори во САД, кои ќе бидат одржани на 8 ноември, Ердоган на прашањето кого би сакал да го види на претседателската позиција одговори: „Најдобар избор за мене е оној што го сака и што ќе го избере американскиот народ. Изборот на американскиот народ е правен избор. Демократијата е побитна од сѐ“.