Ali Bayaslan
08 Септември 2017•Ажурирај: 09 Септември 2017
ИСТАНБУЛ (AA) - Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган денеска во Истанбул изјави дека води интензивни дипломатски активности со цел завршување на хуманитарната драма во Аракан, јавува Anadolu Agency (AA).
„Во врска со тоа разговарав телефонски со повеќе од 20 светски лидери", рече Ердоган.
- Изборната полемика во Европа се сведува на нападите на Турција
Претседателот Ердоган изјави дека полемиката во пресрет на изборите во Европа се сведува на нападите на Партијата на правдата и развојот (АК Парти), на Турција и на него лично.
„(Европа) Во моментов почнаа меѓусебно да се пресметуват. Легнуваат и стануваат со мислата за АК паријата, Турција, Ердоган... Во ред, но кој проблем го имаат со нас? Изборите ви се во матичната земја и меѓу вас, како сакате изведете ги изборите. Навредувањето на Ердоган и Турција вам ќе ви носи поени? До каде ќе одите со тоа?”, рече Ердоган