Sinan Uslu
08 Септември 2017•Ажурирај: 09 Септември 2017
АНКАРА (АА) - Припадниците на крајбрежната стража фатија 1.813 илегални мигранти кои по илегален пат се обиделе да ја преминат турската граница, јавува Anadolu Agency (AA).
На официјалната страна на Генералштабот на турската војска објавено е дека вчера, од Сирија во Турција се обиделе да влезат 1.594 лица.
По илегални патишта во Турција се обидоа да влезат и 22 лица од Грција и едно лице од Иран. Од друга страна, од Турција во Грција се обидоа да преминат 177 лица, во Иран 11, во Сирија седум и едно лице во Бугарија.