Cemal Coşkun
15 Јули 2018•Ажурирај: 15 Јули 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, им се обрати на илјадници граѓани кои се собраа на „Мостот на загинатите херои на 15 јули“ во Истанбул, на одбележувањето на втората годишнина од неуспешниот обид за воен удар што го изврши терористичката организација ФЕТО во 2016 година, јавува Anadolu Agency (AA).
„Денес, во истовреме, чувствуваме длабока тага и голема гордост во нашите срца“, рече Ердоган и им оддаде почит на сите шехиди кои ги дадоа своите животи за одбрана на демократијата во Турција.