Ekipa
05 Декември 2017•Ажурирај: 06 Декември 2017
АНКАРА (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган најави можност за прекин на билатералните односи со Израел поради настојувањето на таа земја Ерусалим да биде прогласен за главен град, јавува Anadolu Agency (AA).
Ердоган во Големото народно собрание на Турција во Анкара изјави дека ограноците на терористичката организација во Сирија ќе бидат уништени.
Исто така, додаде дека нема мирно да ги набљудува напорите пред нос да им биде формирана терористичка држава.
Тој се осврна и на наводите дека американскиот претседател Доналд Трамп би можел да го признае Ерусалим како главен град на Израел.
„Почитуван Трамп, Ерусалим е црвена линија за муслиманите. Во време кога крвават раните на палестинскиот народ, кога секој ден доаѓа до кршење на човековите права, насилство и притисоци, донесувањето одлука што има особина поддршка на Израел не е само кршење на меѓународното право, туку и најтежок удар на совеста на човештвото. Дали Америка го заврши сѐ што треба, па уште ова ѝ остана? Дали е завршена работата со ДЕАШ, па ова остана?“, запраша Ердоган.
Тој додаде дека Турција како претседавач на Организацијата за исламска соработка (ОИС) до крајот ќе го следи тоа прашање и дека доколку дојде до тоа, веднаш ќе ги собере лидерите на ОИС во Истанбул.
„Доколку сето тоа оди и понатаму, може да дојде и до прекин на нашите дипломатски односи со Израел“, изјави Ердоган.